7.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Ѓоковиќ ја виде Вон во болнички кревет и испрати моќна порака (Фото)

Зимските олимписки игри сè уште се одбележани од ситуацијата со американската скијачка Линдзи Вон која доживеа ужасен пад за време на спустот, иако уште пред трката имаше голема желба да се натпреварува, и покрај тоа што во Милано и Кортина пристигна со скинати лигаменти.

Нејзините болни крици и треперечки очи не оставија никого рамнодушен, хеликоптерот пристигна многу брзо и таа беше итно однесена во болница. Вон имаше три операции, сега следува долго закрепнување, а мали се шансите повторно да скија, иако сè уште не е 100% сигурно.

Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, кој често имаше објави поврзани со Вон и многу ја почитува, вечерва на Инстаграм објави нејзина слика само со три збора што го воодушевија светот: „Брзо закрепнување, легендо“.

- Оглас -

Најнови вести