31.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Ѓоковиќ јавно ги поддржа протестите на студентите во Србија

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ги поддржа протестите на студентите против властите во Србија.

Блокадите на сите факултети во Белград, Ниш и Нови Сад траат веќе неколку дена, а студентите не се откажуваат од барањата да бидат казнети одговорните за трагедијата во Нови Сад, кога при пад на покривот загинаа 15 лица.

Многу познати личности изразија поддршка за студентите, а синоќа тоа го направи и Ѓоковиќ.

„Како некој што длабоко верува во силата на младите луѓе и нивната желба за подобра иднина, сметам дека е важно нивниот глас да се слушне. Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила. Она што на сите ни е потребно е разбирање и почитување. Со вас сум, Новак“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Блокадите на факултетите започнаа на 25 ноември во Нови Сад, а на протестите почнаа да се приклучуваат и средношколци.

- Оглас -

Најнови вести