-0.2 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Ѓоковиќ како да имаше полесен тренинг против Италијанецот и се пласира во третото коло во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на Отвореното првенство на Австралија откако без многу проблеми со 3:0 во сетови го победи италијанскиот тенисер Франческо Маестрели. Ова беше рутински триумф на фаворитот бидејќи Италијанецот, кој е 141-виот тенисер според АТП-листата, во ниту еден момент не можеше да му парира на Ѓоковиќ.

Во првиот сет Ѓоковиќ беше подобар со 6:3, а следните два сета Србинот ги доби со 6:2.

„Не знаев многу за противникот, но секако дека не го потценив. Има добар сервис, добро игра, но потребно му е искуство на големата сцена. Има потенцијал во него“, беше првата изјава на Ѓоковиќ по мечот за играта на Маестрели.

 

- Оглас -

Најнови вести