Ѓоковиќ како фурија, за 68 минути го реши Нори

Новак Ѓоковиќ загуби само три гејма во дуелот со Британецот Камерон Нори, и за само 68 минути игра дојде до победата во последниот меч од групната фаза на завршнот АТП Мастерс кој се игра во Торино.

Ѓоковиќ и Нори првпат играа еден против друг, и првиот светски рекет покажа кој е кој. Нори кој е 11-ти на АТП луистата, на турнирот влета на местото на Стефанос Циципас кој се повлече поради повреда.

Полуфиналните двојки се Ѓоковиќ – Зверев и Медведев – Руд.

- Оглас -

Најнови вести