Ѓоковиќ ќе биде прв фаворит и четврти носител во Мелбурн, но дали воопшто ќе игра?

Новак Ѓоковиќ играше тренинг-меч со Данил Медведев, но српскиот тенисер го прекина тренингот само по 36 минути, откако почувствува болка во задниот дел на бутниот мускул. Тој му се извини на Русинот што нема да го доврши тренинг-мечот, не сакаше да ризикува и се повлече.

„Тоа е тетивата која ме болеше и во Аделаида. Почувствував како влече и не сакав да ризикувам. Му се извинив на Медведев, имаше разбирање“, изјави Ѓоковиќ, кој додаде дека проблемот нема да го спречи да игра на Отвореното првенство на Австралија, каде што оди по својата десетта титула.

Инаку организаторите на Отвореното првенство на Австралија, кое почнува за пет дена, одлучија прв носител да биде Рафаел Надал, а Ѓоковиќ кој важи за прв фаворит, ќе биде четврти носител. Србинот ако го освои АО, речиси сигурно ќе се врати на првото место на АТП-листата на кое сега е Карлос Алкараз, а младиот Шпанец нема да игра поради повреда.

- Оглас -

Најнови вести