29.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Ѓоковиќ ќе ги пропушти дуелите од Дејвис купот, позната е и причината за ваквата одлука

Тениската репрезентација на Србија денес ги започнува натпреварите од новото издание на Дејвис купот со дуел од првото коло против Словачка во Краљево. Селекторот на Србија, Виктор Троички, за медиумите кај северниот сосед откри дека најдобриот светски тенисер ќе го пропушти овој натпревар, кој се игра денес и утре, а ја откри и причината за тоа.

„Новак Ѓоковиќ во моментов е во Шпанија со семејството и нема да дојде во Краљево“, кусо одговори Троицки на новинарско прашање.

Србинот по поразот во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија од Јаник Синер одлучил дека треба да земе кус одмор и слободното време да го мине со семејството.

- Оглас -

Најнови вести