Ѓоковиќ ќе игра на турнир на кој никогаш претходно не настапувал

Новак Ѓоковиќ не е дел од гренслем-турнирот во САД откако не доби дозвола за влез во земјата затоа што не е вакциниран против корона-вирусот. Србинот, кој има 21 гренслем-титула, сега нема многу избор каде може да игра, па затоа не е чудно што прифати да биде дел од турнирот во Тел Авив.

Се работи за турнир кој ќе се игра од 26 септември до 2 октомври, а овој турнир треба да му послужи на Ѓоковиќ за темпирање на формата во пресрет на главните турнири за крајот на сезоната.

Пред стартот на АТП-турнирот во Тел Авив, Србинот ќе настапи и на Лејвер купот во Лондон од 23 до 25 септември.

- Оглас -

Најнови вести