Ѓоковиќ ќе има полесен пат до финалето на Отвореното првенство на САД од Алкарас

Денеска беше одржана ждрепката за последниот годинешен гренслем-турнир, кој започнува идната недела, Отвореното првенство на САД, и на неа повеќе среќа имаше Новак Ѓоковиќ во однос на првиот носител Карлос Алкарас.

Ѓоковиќ настапот на терените на „Флашинг Медоуз“ ќе го започне против 85-тиот тенисер на АТП ранг-листата, Александер Милер, а во второто коло противник ќе му биде подобриот од дуелот Мираљес – Квин.

Ако нема изненадување, во третото коло Новак би можел да игра против сонародникот Ласло Ѓере, а во четвртото коло може да се сретне со Оже-Алијасим или Серундоло.
Проектирана четвртфинална пресметка би му била против Тејлор Фриц или Стефанос Циципас и доколку сè оди според планот, во полуфиналето би имал скандинавски предизвик во Холгер Руне или Каспер Руд.

Фановите очекуваат во финалето Ѓоковиќ да игра против Карлос Алкарас, кој има потешки противници на патот до посакуваниот меч за титулата.

Шпанецот во првото коло ќе игра против Доминик Кепфер од Германија, во второто со подобриот од дуелот меѓу Пеља и Харис, а во третото би играл со Ван де Зандшлуп или Еванс. Во четвртото коло може да се сретне со Камерон Нори, во осмифиналето со Јаник Синер или Александер Зверев, а во полуфиналето со Данил Медведев.

- Оглас -

Најнови вести