Ждрепката за тенискиот Мастерс 1000 турнир во Индијан Велс беше пеколна за Новак Ѓоковиќ, па можно е уште во четвртфиналето да се сретне со Карлос Алкарас, кој е прв носител според рејтингот што го има на АТП-листата.
Во првото коло Србинот е слободен, а во второто најверојатно ќе игра со неговиот пријател од Австралија, Ник Кирјос, потоа би имал дуели со Серундоло или Давидович-Фокина, па Де Минор или Хуркач, и Алкарас или Димитров, па пред Новак е сериозен предизвик и тежок пат до посакуваната стота титула во кариерата.
Ѓоковиќ е шести носител, а ако го победи Алкарас во можното четвртфинале, би му следувало полуфинале со Тејлор Фриц, Рубљов или Шелтон, додека на другата страна од костурот главни фаворити се Александер Зверев, Данил Медведев, Каспер Руд и Стефанос Циципас како потенцијални финалисти.
Турнирот во калифорниската пустина почнува утре. Ѓоковиќ петпати го има освојувано овој турнир, последен пат во 2016 година, а лани сензационално испадна во третото коло од Лука Нарди, па брани само 50 поени.