16.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Ѓоковиќ, Мекинро, Агаси и Алкарас направија шоу во Њујорк, а Ноле со една реченица им порача на ривалите што да чекаат од него на ОП на САД

Како најава за стартот на гранслем-турнирот во Њујорк, Отвореното првенство на САД, во рамките на „Недела за фановите“, беше одигран еден интересен егзибициски дуел. Во игра на двојки, од едната страна беа најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, и легендарниот Џон Мекинро, додека на спротивната страна од мрежата беа уште една легенда како Андре Агаси и момчето кое е иднината на тенисот, Шпанецот Карлос Алкарас.

Гледачите уживаа во шоуто што го приредија овие четворица тенисери, а освен интересните потези, имаше и многу шеговити коментари. Највпечатлив беше делот кога по еден освоен поен на Ѓоковиќ, Агаси му се обрати Србинот: „Како тоа никогаш не промашуваш?“ Новак веднаш имаше одговор, и тоа одговор кој може да ги загрижи сите останати тенисери во пресрет на почетокот на ОП на САД. „Се чувствувам подобро отколку кога го освоив олимпиското злато“, возврати популарниот Ноле.

https://twitter.com/i/status/1826468742416454106

На крајот од овој егзибициски меч, Ѓоковиќ и Мекинро победија со 10:8, а навивачите беа воодушевени од спектаклот што го видоа. Ѓоковиќ и Алкарас, кои секако се меѓу главните фаворити на ОП на САД, сега може да се фокусираат на турнирот на кој токму Новак ја брани титулата освоена минатата година.

- Оглас -

Најнови вести