Ѓоковиќ мирно одговори на провокацијата: Не се плашам од никого и од ништо (Видео)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во третото коло на Мастерсот во Монте Карло ќе игра со Италијанецот Лоренцо Музети, од коло испадна лани на истиот овој турнир.

Новак сезонава двапати загуби од двајца Италијанци, Јаник Синер и Лука Нарди, и тоа беше причина новинар да го праша српскиот тенисер дали има страв пред дуелот со Музети. Србинот тоа веројатно го прими како провокација, но мирно одговори.

„Не се плашам од никого и ништо. Тој е еден од најталентираните играчи на земјена подлога, има прекрасен бекхенд со една рака, тој е еден од најперспективните играчи во светот. Но, ми се допаѓа како го одиграв мојот натпревар во споредба со првиот меч минатата година, се чувствувам поинаку, поподготвен и кој и да е од другата страна на мрежата“, беше одговорот на Новак кој има поминато многу во тенисот и тешко дека може да се плаши од некој противник, особено не некој како Музети.

- Оглас -

Најнови вести