11.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Ѓоковиќ мистериозно го откажа последниот тренинг пред стартот на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ не се појави на закажаниот последен тренинг прд стартот на Австралија опен, а засега нема никакво официјално сопштение која е причината за неочекуваниот потег.

Нема информација за некаква повреда што би било најлошо сценарио, иако на турнирот во Аделаида што го освои мината седмица се жалеше на повреда на ногата, но го одигра целиот турнир и го освои и пехарот.

Ѓоковиќ ќе го почне турнирот во Мелбурн во вторник со дуел против Шпанецот Роберто Карбалес Баена.

Во досегашниот еден меѓусебен дуел Новак го победи Баена на САД опен во 2019 година со 6:4, 6:1, 6:4.

Турнирот почнува ноќеска и ќе трае до 29. јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести