Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, на САД опен го освои својот 24-ти грен слем турнир, а потоа беше критикуван од Рафаел Надал, кој тогаш изјави дека србинот би бил фрустриран доколку не го направел тоа.
После долг период стигна и одговорот на Новак Ѓоковиќ на изјавата на шпанецот.
– “Видов дека стана доста вирално, дека луѓето зборуваат за тоа. Секој има право на свое мислење и како да толкува некој друг во тој контекст. Тоа е се што можам да кажам. Рафа е голем шампион, многу го ценам и почитувам како шампион, како мој најголем ривал, како човек и тенисер кој во голема мера учествуваше во обликувањето на мојата игра и моите резултати. Немам намера да зборувам во негативен контекст за него или за Роџер Федерер на кој било начин, бидејќи мојата почит ги надминува можеби некои негативни мислења за нив. Тоа е негово мислење, со кое, се разбира, не се согласувам. Имам мое мислење, но нема да го споделам бидејќи не сакам да ја ширам оваа тема. Нема потреба од тоа.“ – изјави Новак Ѓоковиќ.