Новак Ѓоковиќ утре околу пладне против Алехандро Табило го почнува настапот на Мастерсот во Монте Карло, турнир на којшто ова ќе му биде дури 18-то учество, а го освои само двапати, во 2013 и 2015 година.
Ѓоковиќ годинава е екстра мотивиран да го освои Мастерсот кој се игра на земјена подлога затоа што има прилика практично на домашен терен да дојде до јубијелната 100-та АТП титула.
Монте Карло е град во кој Новак го има пријавено своето живеалиште, а и неговите деца Стефан и Тара се родени таму.
Српската тениска ѕвезда иако веќе има 37 години, останува мотивиран да се натпреварува на највисоко ниво. Тој призна дека како што старее, неговото закрепнување станува потешко, но сепак има „гориво во резервоарот“ и се надева дека ќе продолжи да се натпреварува на високо ниво. Настапот во Мајами, каде што стигна до финалето, му дава инспирација да продолжи.
„Едноставно, прекрасно е чувството на теренот кога добро ја удирате топката и добивате натпревари. Се разбира, кога ќе почнете да испаѓате рано на турнирите, тогаш почнувате да се сомневате во себе“, вели Ѓоковиќ.