Вториот тенисер во светот според АТП рангирањето, Јаник Синер се повлече од мастерсот во Мадрид поради повреда. Синер се пожали на повреда на колкот, а неговиот противник во четвртфиналето Феликс Оже-Алисам, без борба се радува на пласман во полуфиналето.
Синер вчера играше тежок меч против Карен Хачанов кој го доби во три сета. Италијанецот денеска не се појави на тренингот, а по лекарските консултации, било решено да се повлече од турнирот. Повредата на колкот е нешто што Синер ја чувствува подолго време.
„Не се плашам од повредите, но мора да размислите затоа што сега доаѓаат турнирите во Рим, Париз, потоа Вимблдон и Олимписките игри. Ако ситуацијата се влоши, повторно ќе размислам. Ќе видам како ќе се чувствувам на тренинзите“, рече Синер.
Денеска елиминација во Мадрид доживеа Карлос Алкарас кој е трет на АТП листата, а сега и Синер кој е второрангиран е во аут, што е добра вест за најдобриот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ.
Very sad to have to withdraw from my next match here in Madrid. My hip has been bothering me this week and has slowly been getting more painful. Taking the advice from the doctors we decided it’s best to not play further and make it worse. pic.twitter.com/QJX9WVA4Np
— Jannik Sinner (@janniksin) May 1, 2024