Рускиот тенисер Данил Медведев, објави дека ќе оди на операција за да го реши проблемот со хернијата, и нема да игра во следните еден до два месеци.
Ова значи дека сериозно е ставен под прашалник неговиот настап на „Ролан Гарос“ кој почнува на 22-ри мај, но земјената подлога не му е омилена на Медо, па веројатно ќе се чува за следните предизвици на терените на трева и тврда подлога.
Медведев во последните недели е во тесна трка со Новак Ѓоковиќ за првото место на АТП листата.
„Во последните неколку месеци играв со мала хернија. Заедно со мојот тим одлучивме дека е најдобро да одам на операција. Веројатно нема да играм месец-два, но ќе тренирам силно за да се вратам што побрзо“ – порача Русинот кој кратко беше и светски рекет број 1.