Невидената игра на Лука Дончиќ, кој синоќа стана првиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој на еден меч имал над 60 поени и 20 скока, а притоа и комплетиран трипл-дабл од 10 асистенции, ги воодушеви сите вистински љубители на спортот.
Многу славни кошаркари му честитаа на Дончиќ, а честитка дојде и од српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ.
„Ауууу, брате! Секоја чест“, напиша Ноле на „Инстаграм“ и објави фотографија на Дончиќ со бројките од неговата импресивна статистика.