21.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Ѓоковиќ му дозволи само три гема на тенисерот кого Јотовски го има победено

Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на Мастерсот во Монте Карло откако за само 69 минути игра го совлада рускиот тенисер Роман Сафиулин.

Ѓоковиќ славеше со убедливи 6:1,6:2, а за тоа колку беше доминантен најдобро покажува податокот дека само еднаш на свој сервис загуби два поени, а имаше дури 19 брејк топки, од кои реализира пет.

Ѓоковиќ во првиот сет трипати го одзеде сервисот на Сафиулин, а во вториот двапати за лесна победа.

Интересно е што Роман Сафиулин има пораз и од македонски тенисер, Томислав Јотовски. Јотовски славел во 2016 година на турнирот во Хамамет, Тунис.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде подобриот од дуелот меѓу Филс и Мусети.

Пласман во третото коло обезбедија Алекс де Минор кој во два сета го победи Вавринка, како и Хуберт Хуркач кој со 2-1 во сетови беше подобар од Дрејпер.

- Оглас -

Најнови вести