Ѓоковиќ му пиша на Зверев: „Признај дека дојде да ме шпионираш“

Новак Ѓоковиќ лесно дојде до пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос, со оглед на тоа дека за противници имаше тенисери кои не се ни во топ-50 на светската ранг-листа. Првиот вистински предизвик ќе му биде мечот против Александер Зверев, кој во моментов е подоброрангиран од него, а Германецот беше на трибините на мечот на Ѓоковиќ против Нори.

Зверев објави фотографија со трофејот од Лигата на шампионите, кој беше изложен на теренот на којшто играа Ѓоковиќ и Нори, а под фотографијата напиша: „Не очекував дека ќе те видам тука“, порака која се однесуваше на пехарот.

Веднаш следуваше коментар од Новак Ѓоковиќ, кој му реплицира: „Кажи им ја вистината. Беше тука за да ја шпионираш мојата игра. Трофејот беше само изговор“.

Ѓоковиќ и Зверев се долгогодишни пријатели и коментарот на Србинот е само шега. Нивниот четвртфинален дуел на Ролан Гарос на програмата е во среда, во 11 часот.

- Оглас -

Најнови вести