36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Ѓоковиќ на денешен ден пред 19 години ја освои првата титула, Јелена и тогаш беше со него (Видео)

Денешниот датум, 23 јули, е посебно значаен за најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, затоа што на денешен ден, точно пред 19 години тој го освои првиот турнир во кариерата.

Сега Ѓоковиќ има 100 титули, од кои 24 на гранслемите, и иако има 38 години, уште е меѓу најдобрите на светот.

Првата турнирска титула Ѓоковиќ ја освои во холандскиот град Амерсфорт, на земјена подлога, кога во финалето го совлада Чилеанецот Николас Масу со 7-6, 6-4. На трибините беше и тогашната девојка, а сега сопруга на Ноле, Јелена Ристиќ, денеска Ѓоковиќ.

Интересно е дека за победата во Амерсфорт, Новак не доби пехар, туку „ајпад“.

- Оглас -

Најнови вести