Ѓоковиќ на италијански му честиташе 40-ти роденден на „докторот“ (Видео)

Голем број спортски ѕвезди му го честитаа 40-тиот роденден на легендарниот мотоциклист Валентино Роси, а најдобриот тенисер, Новак Ѓоковиќ, во снимениот клип му честиташе и на италијански јазик.

Ѓоковиќ на Роси чиј прекар е „доктор“, му кажа „Чао гранде доторе“ (Здраво голем докторе) и продолжи на италијански да му каже Среќен роденден, фантастичен си.

Освен од Ѓоковиќ, тениски честитки дојдоа и од Рафаел Надал и Роџер Федерер, а и многу фудбалски ѕвезди и легенди, првакот во Формула 1, легенди на мотоспортот, и други спортски величини му кажаа на популарниот Вале колку го ценат и почитуваат.

Валентино Роси од 2000 година е во кралската класа во Мото ГП. Во кариерата има 89 победи и 196 подиуми.

https://twitter.com/i/status/1096771780948172802

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести