Новак Ѓоковиќ го користи секој момент за одмор и регенерација пред настапот на последниот гранслем-турнир годинава, Отвореното првенство на САД, и тоа на место кое долго време му е при срце.
Најдобриот српски тенисер деновиве е на планината Дурмитор во Црна Гора, каде што со години наоѓа мир, а овојпат, во друштво на своето семејство, тој ужива и во јавање коњи. Секако, не ја пропушти можноста да ги израдува собраните фанови и срдечно се фотографираше со нив.
Новак летово направи прилично долга пауза од тенисот, беше на море во Црна Гора, Хрватска и Грција, а сега е на Дурмитор, од каде што има потекло неговото семејство.
Кога ќе го види Ѓоковиќ на коњ, кошаркарот Никола Јокиќ веројатно ќе му биде љубоморен бидејќи тие животни му се омилени и еден вид опсесија.
A day with Novak and the Djokovic family 🐎😍pic.twitter.com/ZDUkS45ZlG
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) August 6, 2025