Ѓоковиќ напнат на тренинг во Белград, викал: „Ништо не гледам, што да правам?“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ утре попладне против сонародникот Ласло Ѓере го игра својот меч на Отвореното првенство на Србија во Белград, а денешниот тренинг му минал во нервоза и напнатост.

Додека тренирал со Русинот Карацев како спаринг-партнер, Новак се жалел на силниот ветер кој придонел земјата да лета на сите страни. Во еден момент кога земја му влегла во очи, со висок тон му се обратил на својот тренер Горан Иванишевиќ: „Ништо не гледам, кажи ми што да правам?“.

Ѓоковиќ, кој скапо ја плаќа одлуката да не се вакцинира, не е во посакуваната форма, и тоа го прави нервозен, па можеби турнирот во Белград е шанса да влезе во ритам.

- Оглас -

Најнови вести