14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Ѓоковиќ направи шоу: Играше тенис со тава за готвење, сообраќаен знак, даска, бејзбол палка… (Видео)

Србинот Новак Ѓоковиќ направи спектакл за навивачите на последниот тренинг пред почетокот на последниот гренд слем турнир сезонава, Отвореното првенство на САД. Ѓоковиќ во Њујорк доаѓа по пауза од две години на кои неиграше бидејќи не добиваше дозвола за влез во САД, бидејќи не беше вакциниран за време на пандемијата.

Сега Ноле повторно е дел од престижниот турнир и каде и да се појави е вистинска атракција. Неколку илјади навивачи се собраа на централниот терен „Артур Еш“ да го поздрават Ѓоковиќ, а тој им направи шоу за памтење.

Србинот реши да им покаже на навивачите како може да игра тенис и со најразлични предмети, па наместо рекет, за удирање на топчето користеше тава за готвење, дрвена даска, сообраќаен знак, бејзбол палка, рекет за пинг понг…

Интересно е дека Ѓоковиќ не само што играше со чудните реквизити, туку покажа дека може и да нападне и да освои поени.

https://twitter.com/i/status/1695543117976674614

Возбудувањата на гренд слем турнирот во Њујорк започнуваат утре, а прв противник на Србинот е Александре Милер од Франција.

- Оглас -

Најнови вести