Ѓоковиќ: „Не е можно да бидам пријател со Надал и Федерер“

Новак Ѓоковиќ настапува на Мастерс турнирот во Рим, а тоа го искористија новинарите на „Кориере дело спорт“ да направат мега-интервју со српскиот тенисер.

Во интервјуто Ѓоковиќ добива прашање за неговото ривалство со Надал и Федерер.

„Ние никогаш не бевме пријатели, тоа е невозможно со ривалите. Секогаш имав голем респект кон двајцата. Федерер имаше големо влијание на мене, но не можам да кажам дека бевме блиски. Не сме пријатели, но никогаш не бевме ниту непријатели“, вели Ѓоковиќ, па продолжува:

„На почетокот заедно одевме на вечери, но и со Надал не беше возможно некое пријателство. Секогаш му се восхитував, покрај него и Роџер пораснав и благодарение на нив сум тоа што сум. Секогаш ќе бидеме поврзани на тој начин и чувствувам благодарност кон двајцата. Надал во последните 15 години е дел од мојот живот. Го гледав почесто отколку мајка ми“, го завршува својот одговор српскиот тенисер.

Новак Ѓоковиќ против Надал има одиграно 59 натпревари, а скорот е 30-29 во корист на Србинот. Против Федерер одигра 50 натпревари и победи на 27, додека Швајцарецот се радуваше 23 пати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести