Новак Ѓоковиќ со 6-2, 6-3 го надигра Холанѓанецот Талон Грикспор (39-торангиран на АТП) во второто коло на АТП 500 турнирот во Дубаи.
Првиот носител вчера во првото коло се мачеше, играше три сета, во третиот дури по тајбрејк дојде до победата, но денеска го покажа своето вистинско лице и не му даде никаква надеж на противникот дека може да изненади.
Мечот можеше да заврши и порано бидејќи Србинот водеше со 5-0 во вториот сет, но Грикспор малку го ублажи поразот.
Во четвртфиналето, Ѓоковиќ би требало да се сретне со петтиот носител Хуркач доколку Полјакот успее да победи вечерва против Русинот Котов.