Најдобриот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, одлучи да не настапи на Мастерсот во Париз, а тоа веројатно ќе значи и дека нема да ја заврши годината помеѓу најдобрите осум на АТП ранг-листата и нема да настапи на завршниот турнир во Торино.
Додека останатите тенисер се борат за бодови во француската престолнина, Ѓоковиќ реши да одмора на другиот крај на светот и тоа на остров во Индискиот океан. Српскиот тенисер во моментов се наоѓа на Малдивите, а неговата локација ја откри негов фан на социјалните мрежи.
https://twitter.com/MilicaM84932667/status/1850303703602835659?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1850303703602835659%7Ctwgr%5E5f02a45adea817bdfdf87c6f47423ec36747f6b2%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fsport%2Ftenis%2F3989871-nikada-ne-biste-pogodili-u-kojoj-zemlji-se-sada-nalazi-djokovic-odustao-od-pariza-otisao-na-drugi-kraj-sveta