Разочарување за Србите, Ѓоковиќ ќе го пропушти првиот турнир во годината

Откако беше објавено дека од првите 100 тенисери на АТП листата, дури 95-мина се вакцинирани со две дози против Ковид-19, а не се знае во група е Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот објави дека нема да се појави на АТП купот, чиј почеток е на 1 јануари.

На овој турнир во Сиднеј, Ѓоковиќ требаше да биде главен адут на српската репрезентација. Сега се поставува прашањето дали Новак од 17-ти јануари ќе игра на Отвореното првенство на Австралија, неговиот омилен грен-слем, на кој смеат да играат само вакцинирани.

Ѓоковиќ е во Белград и тренира, а одлуката дали ќе оди во Мелбурн и ќе ја нападне десеттата титула на Австралијан опен, ќе ја објави пред нова година.

- Оглас -

Најнови вести