34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Ѓоковиќ: Не сакате да знаете низ што поминувам

Новак Ѓоковиќ без многу проблеми се пласираше во третото коло на САД Опен, но рекордерот по бројот на освоени гренд слем титули, не е целосно задоволен од тоа како игра.

„Да бидам искрен, не бев мнгоу задоволен од тоа како играв посебно во првиот дел од мечот. Секако за тоа заслуга има и мојот противник кој одигра квалитетно. Очигледно беше дека имаше некоја повреда која го мачеше и затоа честитки за него затоа што остана до крајот. Низ кариерата, секогаш колку подалеку стигнувам на некој турнир, толку подобро играм. Сепак, во последните неколку години е малку поинаку, затоа што телото не ми е толку послушно. Побрзо се заморувам отколку што тоа беше порано. Морам да правам многу закрепнувања по мечевите, за да бидам подготвен за следните предизвици“, вели Ѓоковиќ.

Следниот противник на Ѓоковиќ ќе биде Британецот Камерон Нори. Овој ривал е добро познат на Ноле затоа што досега играле шест пати и во сите шест дуели победувал Србинот.

„Не е дека не чувствувам радост кога сум на теренот, додека се натпреварувам. Уживам во мечевите, но не уживам во тоа кога не играм добро. Поради тоа самиот на себе си ставам дополнителен притисок дека мора да бидам подобар на следниот меч. Не е до мотивацијата, туку тоа што поминувам низ некои работи. Не сакате да ги знаете деталите за она низ што поминувам и што си зборувам самиот на себе“, рече 24-кратниот освојувач на гренд слем трофеи.

- Оглас -

Најнови вести