Ѓоковиќ не се фали, туку донира – Бергамо му се заблагодари на големиот шампион

Новак Ѓоковиќ повторно се истакна со нов фантастичен гест, а донацијата за болницата во Бергамо тенискиот ас ја криеше од јавноста, но ја откри директорот Петер Асемберг.

„Новак е спортист со големо срце. Не сакаше да се експонира во јавноста, а ние бевме изненадени од средствата што пристигнаа на нашата сметка од толку голем ас и уште поголем човек. Му благодариме на Ноле што не нè заборави и ни помогна во најтешкиот период за Бергамо во последните десетици години“, изјави Асемберг.

Тој најави дека со парите што Новак ги уплатил на сметка на болницата ќе ја дополнат опремата што им недостасува во битката со Коронавирусот.

Ѓоковиќ постојано помага со пари или со донации во опрема за здравствените работници ширум планетата во обидот да се сопре пандемијата со ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести