32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Ѓоковиќ не се појави навреме во Париз, па мораше јавно да се извини

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ мораше да направи промена на планот околу патувањето во Париз, каде следната недела ќе игра на Мастерс АТП турнирот. Ѓоковиќ синоќа требаше да биде во Париз и да гостува на телевизиско шоу, но поради проблеми со авиосообраќајот на аеродромот во Белград, остана „заглавен“ во главниот град на Србија. Ѓоковиќ јавно се извини бидејќи не пристигна во Париз како што било планирано.

„Добровечер на сите. Сакам да направам кратко видео и да се извинам што нема да бидам со вас вечерва. Малку ми е и срам затоа што останав во Белград, на аеродромот. Доцнам поради проблеми со авиосообраќајот. Жал ми е и се надевам дека ќе се видиме следната недела. Ви благодарам“, беше пораката која ја упати Ѓоковиќ.

https://twitter.com/i/status/1718033977624207701

Во светскиот тенис викендов најатрактивни се турнирите во Базел и Виена каде денеска се играат полуфиналните мечеви.

- Оглас -

Најнови вести