Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во третото коло од Гренд Слем турнирот во Париз. Србинот без многу мака со 3:0 во сетови (6:1, 6:4, 6:3) го елиминираше Швајцарецот Хенри Лаксонсон.
Ѓоковиќ фуриозно стартуваше и првиот сет го доби со само еден загубен гем за само 34 минути игра. Швајцарецот даде малку поголем отпор во вториот и третиот сет, но тоа беше далеку од доволно за 104-от на ранг листата да се спротистави на најдобриот.
На крајот по само 95 минути игра, популарниот Ноле се пласираше во третото коло, каде го очекува Карузо од Италија, кој 6:1, 6:2, 6:4 го победи Симон од Франција. Во третото коло денеска се пласираа и Мајер кој го победи Шварцман со 4:6, 6:3, 6:4, 7:5, потоа Тим против Бублик (6:3, 6:7, 6:3, 7:5) и Зверев против Имер (6:1, 6:3, 7:6).