Новак Ѓоковиќ во Рим имаше средба со Душан Михајловиќ, синот на покојниот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој беше пријател со Новак, па си разменија зборови, а Душан објави и фотографија на социјалните мрежи со тенисерот кој за него е најдобар на сите времиња.
Новак за италијанските медиуми даде интервју во кое раскажа и за непријатното искуство кога беше протеран од Австралија.
„Не сум антиваксер, никогаш не сум рекол дека сум. Јас сум за избор, ја бранам слободата на изборот, секој треба да има право да одлучи дали ќе прими вакцина или не. Во Австралија бев во затвор, не смеев ни прозорец да отворам. Ме издвоија како персона нон грата, се чувствував како овца опкружена со 20 волци. Станав политички случај. Не играв на двe Отворени првенства на САД за да останам доследен на себеси. Потоа се вратив во Австралија, го освоив турнирот, но бев разочаран од многи колеги. Многу од нив ја вртеа главата“, вели Ѓоковиќ.