Ѓоковиќ: Не сум антиваксер, но ако треба ќе ги жртвувам сите трофеи доколку ме уценат да се вакцинирам

Новак Ѓоковиќ за првпат говореше во јавноста за сето тоа што му се случи во Австралија пред организацијата на првиот гренслем.

Српскиот рекет за британски Би-би-си ја „отвори душата“ и кажа дека нема да се вакцинира иако не бил антиваксер. Целото интервју за овој медиум, Новак ќе го има во 19:30 часот по средноевропско време.

„Подготвен сум да не настапам на Ролан Гарос, Вимблдон и Отвореното првенство на САД доколку и таму бараат вакцина и да ги жртвувам сите трофеи, но нема да се вакцинирам.

Никогаш не сум бил против вакцинација, но секогаш сум ја поддржувал слободата да бираш што ќе внесеш во своето тело. Принципите за одлучување на моето тело се поважни од титули или што било друго и сакам да бидам во склад со своето тело сè додека тоа е возможно.

Сите колективно бараме решение против ковидот и се надевам дека наскоро ќе го победиме и никогаш не сум бил против вакцинација“, изјави Новак и продолжи за случувањата во Мелбурн.

„Луѓето веројатно не ни знаат дека не сум депортиран од Австралија поради тоа што не сум вакциниран, или бидејќи сум прекршил какви било правила или лошо сум ја пополнил визата.

Судот ми дозволи да останам, а тоа е доволен факт дека таму бев легално, додека Министерот за имиграција го искористи дискреционото право дека моето останување и настап на Мелбурн би можело да предизвика антиваксерско движење во Австралија, а со тоа воопшто не сум согласен“, кажа светскиот рекет број еден.

- Оглас -

Најнови вести