Ѓоковиќ: Не знам како победив…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра уште еден маратонски меч на Ролан Гарос и со победа од 3-2 во сетови против Франциско Черундоло се пласира во четвртфиналето.

Новак двапати во два меча успеа да направи пресврт и да победи во пет сета.

„Како и на претходниот меч, победата е за вас“, им се обрати Ноле на навивачите на трибините.

„Во претходниот меч губев со 2-1, а потоа во четвртиот сет ми дадовте енергија и тогаш работите се сменија. Уште еднаш, токму тоа се случи и вечерва, ми дадовте голема поддршка. Бев на неколку поени од пораз на овој дуел. Морам да му оддадам признание на Франциско за она што го прикажа и како го одигра овој меч. Искрено, не знам како победив. Ви благодарам уште еднаш за оваа фантастична поддршка“, изјави Ѓоковиќ.

Тој во четвртфиналето го очекува подобриот од дуелот кој е во тек меѓу Тејлор Фриц и Каспер Руд.

- Оглас -

Најнови вести