21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ѓоковиќ: „Нема да барам изговори, годините си го направија своето, а Синер беше премногу добар“

Новак Ѓоковиќ не успеа да дојде до ново финале на Вимблдон, седмо по ред или вкупно 11-то на најпрестижниот и најстар тениски турнир во светот. Повредите, но и годините си го направија своето, како што вели Србинот, а Јаник Синер едноставно беше премногу добар.

„Имав многу проблеми. Немав пријатно чувство на теренот. Не сакам да зборувам во детали за повредите, бидејќи не сакам да изгледа дека барам алиби за слабата игра. Сакам само да му честитам на Јаник. Тој е во финале, беше премногу добар. Не мислам дека ова беше лоша среќа, едноставно годините го направија своето. Телото ми е истрошено. Колку и да се грижам за него, тоа е реалноста. Тешко ми е да го прифатам тоа, бидејќи кога сум здрав, мислам дека се уште можам да играм добар тенис. Тоа и го докажав годинава, но мислам дека натпреварите кои се играат во три добиени сета ми се веќе проблем, физички. Колку подолго трае турнирот, толку состојбата ми се влошува. На сите Грен слем турнири оваа година дојдов до полуфиналето, а потоа налетувам на Алкарас или на Синер … Тие се подготвени, млади и остри.“ – рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести