Српскиот тенисер и 24-кратен гренслем шампион, Новак Ѓоковиќ, ќе ја започне новата сезона на АТП 250 турнирот во Аделаида, Австралија.
Покрај 38-годишниот Србин, на турнирот ќе настапат Џек Дрејпер, Стефанос Циципас, Томи Пол, Јиржи Лехецка, Алехандро Давидович-Фокина и други. Турнирот ќе се одржи од 12 до 17 јануари и ќе биде генерална проба пред Отвореното првенство на Австралија на кое Новак има рекордни десет титули.
Актуелен шампион на турнирот во Аделаида е Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој го победи Американецот Себастијан Корда во финалето во 2025 година.

