Новак Ѓоковиќ после Грција, замина на одмор во Црна Гора, и го откажа настапот на Мастерсот во Синсинати, и сега ризикува на последниот гренслем годинава, САД опен, да биде дури деветти носител.
Во моментов Новак е шести на АТП листата, а бидејќи и лани не играше на американскиот континент пред САД опен, ќе остане со истиот број поени како во моментов, но тие што се зад него може да го претекнат.
Шелтон или Де Минор уште в понеделник може да го претекнат Србинот, ако некој од нив двајца го освои турнирот во Торонто. Теоретски, пред Ѓоковиќ може да избијат и Музети, Хачанов и Рибљов. Осмо или деветто место може да му донесе дуел со Синер или Алкараз уште во четвртфиналето.
И не само тоа, Новак најверојатно ќе игра во Њујорк без никаква подготовка на тврда подлога, и наредниот официјален меч ќе му биде после оној во полуфиналето на Вимблдон.