Ѓоковиќ нема да игра во Сараево – Причината е бизарна, нема терен за најдобриот тенисер на светот

Новак Ѓоковиќ ќе мора да го откаже гостувањето во Сараево и егзибицискиот меч против Дамир Џумхур, а причината е бизарна, нема слободен тениски терен за игра.

Таква вест објавија српските медиуми и проблемот е што договорената локација за мечот закажан за 5. јули не е подготвена.

Втората опција да се игра на фудбалскиот стадион на Железничар, на легендардната Грбавица исто така отпадна, па мечот што беше планиран во склоп на „Адрија тур“ веројатно нема да се одигра.

Претходно поради политички причини Новак мораше да го откаже и гостувањето во Црна Гора. Ѓоковиќ е организатор на „Адрија тур“, а со неколку познати тениски ѕвезди веќе настапи во Белград и моментно игра во Задар.

Потоа следува гостување во Бањалука, а Сараево требаше да биде финалето на турнеата со егзибициски меч против најдобиот тенисер на БиХ, Џумхур.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести