Репрезентацијата на Србија се пласира во полуфиналето од тенискиот Дејвис куп откако со 2:0 во победи беше подобра од Велика Британија. Во првиот меч, Миомир Кецмановиќ по голема борба со 7:6, 7:6 го победи Џек Драпер за водство на Србија од 1:0.
Да нема никакви дилеми, се погрижи Новак Ѓоковиќ, кој со 2:0 во сетови го победи Камерон Нори (6:4, 6:4). Во полуфиналето, Србија ќе игра против Италија, која со 2:1 во победи беше подобра од Холандија.
„Одличен меч. Најголемо задоволство и мотив е да се игра за својата земја. Тоа е голема одговорност. Многу добро сервирав кога беше најпотребно. Му благодарам и на Мичи Кецмановиќ ,кој одигра феноменален прв меч. Сега ќе имаме еден ден одмор, а потоа секако дека одиме на нова победа“, рече Ѓоковиќ по победата во Дејвис купот и пласманот на Србија во полуфиналето.