39.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Ѓоковиќ нема намера повеќе да молчи: Кој ќе заслужи – ќе си добие сочен одговор

Новак Ѓоковиќ во дуелот од третото коло на Отвореното првенство на Австралија и победата над Томас Ечевери, имаше интересен дуел со еден навивач кој го провоцираше, но српскиот тенисер не му остана должен и на сите им порача дека повеќе нема да молчи.

Ѓоковиќ во својата кариера често бил на мета на коментари од навивачите, имало и интересни, но и иритантни дофрлања.

„Да бидам искрен, повеќе не се сеќавам на иритантните коментари. Има и коментари од навивачи во врска со траењето на мечевите, дека треба да одат на вечера, на пиво и слично. Но, тоа не е страшно, многу пати се случувало да бидам цел на навреди. Е тоа е друга приказна. Не сакам да зборувам за пцовките. Тоа најчесто се случува на мечевите кога играм во вечерни термини и кога луѓето пијат цел ден и потоа доаѓаат да гледаат тенис. Не сум им омилен тенисер и на секаков начин се обидуваат да ме деконцентираат. Ако не успеат во тоа, тогаш ја преминуваат границата. Се појави видео од мечот со Попирин кога се радував на победата, а бев уловен точно кога „сочно“ одговарав на провокациите. Не сакам да зборувам такви работи, но кој заслужи – ќе си добие сочен одговор“, изјави Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести