Двата полуфинални дуели на Вимблдон во машка конкуренција се играат денеска. Први на теренот ќе излезат Карлос Алкарас и Тејлор Фриц. Шпанецот е голем фаворит за победа. По овој дуел, ќе следи шоуто што сите го чекаат.
Најтрофејниот тенисер на гренд слем турнирите Новак Ѓоковиќ ќе игра против актуелниот број 1 на АТП листата, Јаник Синер. Двајцата имаат свои каалкулации и цели. Ѓоковиќ по реорден 14-ти пат е дел од полуфиналето на Вибмлдон, каде има триумфирано седум пати.
За разлика од Ѓоковиќ, Синер уште мечтае за својата прва титула на Вимблдон. Италијанецот ја има фаворитската улога затоа што победувал на последните пет меча против Србинот.
Сепак, кога се работи за мечевите на Вимблдон, Ѓоковиќ и Синер играле два пати и Ноле победуваше во четвртфиналето во 2022 и полуфиналето во 2023 година. Ѓоковиќ на Вимблдон е феноменален и има 102 победи и само 12 порази. Од 2021 година до сега, Ноле има само два порази на Вимблдон и двата беа од Алкарас.
Вчера, Ѓоковиќ реши да не тренира, додека Синер тренираше со заштита на десниот лакт, иако се чини дека таа повреда за Италијанецот е минато.