Ѓоковиќ „непотребно“ загуби сет од пријателот против кој десет години нема пораз

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим, и таму ќе се сретне со Унгарецот Фучович или 13-тиот носител Камерон Нори.

Денеска Србинот беше подобар од Бугаринот Григор Димитров со 6-3, 4-6, 6-1, со што продолжи серијата победи на Ноле над Гришо, низа која трае една деценија. Димитров го победил Ѓоковиќ само во 2013 година.

Ѓоковиќ имаше пад во играта само во финишот на вториот сет кога водство од 4-2 во гејмови, му дозволи на противникот да освои четири гејма по ред, и да го добие сетот. Но, светскиот рекет број 1 брзо се „ресетираше“ и уште на стартот на третиот сет направи брејк кој му го отвори патот до победата.

- Оглас -

Најнови вести