Првиот гренд-слем турнир во новата сезона ќе започне за неколку дена, а денеска беше направена и ждрепката во Мелбурн. Рекордерот по бројот на освоени грен-слем трофеи, но и рекордер по бројот на титули на Австралија опен, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе има тежок пат во обид да стигне до својот 11 трофеј на овој турнир.
Ѓоковиќ е седми носител на Австралија опен, а тоа значи дека ќе има тежок пат кон титулата. Во првото коло Србинот ќе има противник од САД, а потоа потенцијален ривал во второто коло му е Русинот Павел Котов.
Веќе во евентуалното осминафинале Ѓоковиќ може да се сретне со својот голем пријател Григор Димитров, а во четвртфиналето е во најава спектакл против Карлос Алкарас. Како можни противници во полуфиналето се Зверев и Руд, додека против актуелниот шампион и прв носител Јаник Синер, Ѓоковиќ би можел да се сретне само во финалето.
Novak Djokovic’s draw for Australian Open 2025:
Round 1:🇺🇸Basavareddy
Round 2: 🇷🇺Kotov
Round 3:🇺🇸Opelka/🇨🇿Machac
Round 4:🇧🇬Dimitrov/🇨🇿Lehecka
Quarterfinal: 🇪🇸 Alcaraz
Semifinal: 🇩🇪Zverev/🇳🇴Ruud
Final: 🇮🇹Sinner/🇷🇺Medvedev/🇩🇰Rune pic.twitter.com/RL5zjjaYWP— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) January 9, 2025