Ѓоковиќ никогаш претходно нема добиено вакво писмо

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро јавно му се заблагодари на Новак Ѓоковиќ, кој реши да допатува во Буенос Аирес и да биде дел од прошталниот меч на неговиот пријател.

Повеќе од 15.000 луѓе присуствуваа на мечот на кој Дел Потро победи со 6:4, 7:5, а потоа Аргентинецот преку социјалните мрежи упати порака до најуспешниот тенисер по бројот на освоени гранслем-титули.

„Почитуван Ноле,

Немам доволно зборови да ти се заблагодарам за сè што направи за мене од тој ден и вечерата во Мајами кога ја прифати оваа луда идеја да бидеш дел од моето збогување во Аргентина и покрај исклучително тешката сезона што ја имаше. Од тој момент до денот кога си заминавме од мојата земја покажа великодушност што никогаш нема да ја заборавам.

Јас сум ти вечно благодарен тебе, на Чарли, на Марк и на целиот твој тим што сте достапни за секој детаљ, во секој момент кога е потребно. Ја разбравте и целосно ја разбравте ситуацијата во која се наоѓаше и ми беше најдобар соиграч, на теренот и надвор од него… Направи моето збогување да биде на начин на којшто не можев да замислам ниту во моите најлуди соништа.
Твоето присуство не само што го направи овој настан незаборавен за мене и моето семејство туку направи и да го надмине тенисот. Целата земја уживаше и беше трогната од твоето присуство и беше јасно дека не само што си најголем во историјата на спортот, туку и на животот. Аргентина те сака и ние сме вечно благодарни за шоуто што го приреди и тој ден го направи да биде совршен.

Чувствувам дека од ова се роди нешто посебно: Вистинско пријателство кое ќе трае вечно.

Многу те сакам пријателе.

Благодарам за сè и се гледаме наскоро“, напиша Дел Потро.

- Оглас -

Најнови вести