Ѓоковиќ објасни зошто не се поздрави со судијата кој беше од Австралија (Видео)

Новак Ѓоковиќ без многу мака се пласираше во осминафиналето од Гренд слем турнирот на Вимблдон, откако лесно со 3:0 во сетови го победи сонародникот Миомир Кецмановиќ. По завршување на мечот, Ѓоковиќ се поздрави со противникот, но кога поминуваше покрај главниот судија, Србинот заборави да му подаде рака на арбитарот на столот.

Судија беше Џон Блом од Австралија, земјата која во јануари на Ѓоковиќ му донесе многу непријатности, а на крај Србинот беше депортиран без шанса да игра на Австралија Опен. По мечот, Ѓоковиќ вели дека дури кога новинарите му кажале дека не се поздравил со судијата, сфатил дека не подал рака како што е вообичаено.

„Навистина не се поздравив со судијата? А значи затоа тој така ме гледаше. Ништо, ќе му се извинам. Нема никаква причина да не се поздравам. Сега кога ги имавме овие правила со Короната долго време не смеевме да се поздравуваме со судиите, па затоа изгледа сум заборавил“, рече Ѓоковиќ во своето објаснување.

 

- Оглас -

Најнови вести