30.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Ѓоковиќ објасни зошто со една од највулгарните пцовки ги „поздрави“ гледачите на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртото коло на Вимблдон, иако потешко од очекувањата го победи Американецот Денис Кудла. Србинот во неколку ситуации бурно реагираше, па дури и пцуеше поради грешките кои ги правеше.

Кулминација на пцовките на Ѓоковиќ се случи веднаш по освојувањето на победничкиот поен. Публиката која во најголем дел навиваше за Кудла, беше почастена со една од највулгарните пцовки. „Пушете ми го ку*от“ се развика Ѓоковиќ, кој подоцна објасни зошто така реагирал.

„Знаете дека 90 отсто од мечевите ги играм против публиката, теренот, противникот и сите живи… Навикнав на тоа, но од друга страна и јас сум човек со емоции, од крв и од месо, па не можам секогаш да останам смирен кога некој ќе ме испровоцира и ќе ги премине границите на спортско однесување и почитување. Тогаш му покажувам каде му е местото“, рече Ѓоковиќ објаснувајќи го своето однесување по мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести