Ѓоковиќ од Мадрид со тешко срце одговори на најтешкото прашање

Новак Ѓоковиќ попладнево го почнува својот настап на Мастерсот во Мадрид, а шпанските новинари не ја пропуштија шансата да го прашаат Србинот и за денешниот настан број 1 во нивната земја, финалето на фудбалскиот Куп на Шпанија помеѓу гигантите Барселона и Реал Мадрид.

„Ве молам немојте тоа да ме прашувате. Не знам, ќе видиме. Јас сум љубител на фудбалот и ќе го гледам мечот со големо интересирање. Повеќе сум фан на Реал отколку на Барса, но мислам дека Барса е фаворит. Сепак, сè е можно“, изјави Новак.

Ѓоковиќ против Матео Арналди игра околу 15.30 часот, па дури и да има некакво доцнење на почетокот, има и повеќе од доволно време да одмори после мечот и на раат да го гледа Ел Класико кое почнува во 22 часот.

- Оглас -

Најнови вести