Новак Ѓоковиќ во првото полуфинале на Ролан Гарос го совлада Карлос Алкарас со 3-1 во сетови (6:3,5:7,6:1,6:1) и по седми пат ќе игра во финалето на гранслем-турнирот кој се игра за земјени терени.
Работата на Новак му ја олесни повредата на Алкарас во третиот сет при резултат 1-1 во сетови и 1:1 во гемови. Шпанецот службено го предаде третиот гем бидејќи побара медицински тајм-аут помеѓу поени. Но, ниту тоа не му помогна и во третиот и четвртиот сет освои само по еден гем.
https://twitter.com/i/status/1667208867040641047
„Морам да кажам дека Алкарас немаше среќа. Играше на високо ниво, но доби грчеви и жал ми е за него. Се надевам дека ќе закрепне и ќе се врати наскоро. Му реков дека има многу време пред него, дека ќе го освои овој турнир многу пати. Тој е борец, неверојатен натпреварувач е. Тешко му беше, не знаеше дали да го предаде мечот, но му честитам за борбеноста и што издржа до крајот. Голема почит. Не се чувствував свежо на крајот од вториот сет, игравме рамо до рамо, а потоа се случи неговата повреда. Од тој момент сè беше поинаку. Се фокусирав, видов дека се мачи, не размислував многу и само играв“, изјави Ѓоковиќ по мечот.