Ѓоковиќ од утре ќе биде трети, а ако не игра на Вимблдон, и дополнително ќе падне на АТП листата

Победата на Карлос Алкараз на „Ролан Гарос“ е лоша вест за Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер од утре ќе биде третопласиран на АТП листата.

Ѓоковиќ речиси точно една година (од лани на 11-ти јуни) не бил толку ниско на АТП листата, девет месеци без прекин го држеше врвот, но повредата и повлекувањето пред четвртфиналето на „Ролан Гарос“ значеа губење на многу поени.

Тука не е крајот на проблемите за Ноле. Ако не успее да се рехабилитира за Вимблдон каде лани беше финалист (брани 1.200 поени), и го пропушти тој лондонскиот гренслем, Ѓоковиќ ќе има дополнителен пад на АТП листата.

Проценките се дека на олимписките игри во Париз може да замине како петти на АТП листата, а тоа значи тежок пат до финалето и златниот олимписки медал кој е единствениот важен трофеј кој му фали му кариерата.

- Оглас -

Најнови вести